![]() |
|
|
Mazda2 Одговара на вашите потреби за стил во животот! Пространиот багажен простор од 250 литри овозможува дополнитлно чувство на Zoom-Zoom бидејки ќе ве натера повторно да размислувате за незаборавни викенд релации со вашето семејство и пријатели.
Кабината е совшен пример за тоа колку Мазда дава важност на деталите. Многубројните прегради за документи, патни исправи и мапи, како и прегради за пијалоци, допринесуваат за дополнителна безбедност бидејќи вашето внимание е посветено на возењето и на безбедноста на вас и вашите сопатници. Возење без мака! Новата Мазда 2 е конструирана така да може да соработува со вас! Кај неа нема регуларен серво управувач, туку електричен серво управувач (EPAS – Electric Power Assisted Steering) кој реагира на различните потреби при отворен пат и при паркирање. Лесното маневрирање при мали брзини и густ сообраќај и укрутувањето при поголеми брзини се одвиваат прогресивно, во зависност од забрзувањето и потребата за балансираност.
Високо поставениот менувач и лесно прилагоденото седење допринесуваат за удобно и посветено управување и секако, максимизирање на вашата безбедност. Дополнителна безбедност се и светлата кои автоматски се вклучуваат при стартување на возилото, како и командите на воланот за радиото, кои не ви го одземаат вниманието и прегледноста. Секако, кај одредени пакети на опрема има и сензори за дожд и смарт картичка, со што ќе се чувствувате најлуксузно.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
|||||||||