![]() |
|
|
Mazda2 Уживајте со доверба! За да може да имате максимално уживање при возењето, ќе бидете охрабрени од самата доверба во маздината сигурносна опрема. Одлична прегледност за возачот и совозачот, прегледни ретровизори и предвидливи агли и контури на возилото како и максимална балансираност при свиоците. Во стандардна опрема се добива ABS + EBD (електронска распределба на силата на кочење) со што се обезбедува максимално асистирање при кочењето. Во одредени пакети следува и DSC so TCS односно, динамична контрола на стабилноста на возилото со дополнителен систем за спречување на проклизувањето.
Пасивната безбедност се темели на маздиниот напреден состав за дистрибуција и абсорпција на ударот (Advanced Impact Distribution and Absorption System) со што силата на ударот ефективно се дисперзира во каросеријата и максимално се намалува шокот од ударот. Освен полнетите, појачани профили на кокпитот, како дел од пасивната заштита се и стандардните предни воздушни перничина + воздушните завеси кај повеќето пакети на опрема.
Секако, за најмладите патници се предвидени два ISOFIX осигурачи, на кои што може да се прицврстат детските седишта. Со новата Мазда 2 сакате да бидете сигурни дури и кога не возите – тоа значи дека сите возила сериски имаат електронска блокада на моторот со што би се спречиле кражба на вашето возило. Вашата нова Мазда 2 се грижи за вас!
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
||||