Mazda2
Mazda Menu
 
 
Mazda2

Убавица од глава до петици!

Остри контури, но меки линии се провлекуваат на Мазда 2, со што се добива ефект на движење дури и кога возилото е во мирување. Како секој момент да е спремна за акција.

Зависно од пакетите на опрема, новата Мазда 2 можете да ја добите и со 15” односно 16” Алуминиумски бандажи, со кои ќе изгледа уште поспортска или поелегантна! Достапен е и спортски аеро пакет кој дополнително ќе ги истакнува спортските контури. Комплетот се состои од спортски преден браник и светла за магла, аеродинамични прагови и спојлер на задната врата.

 

Да влеземе внатре!

Новата Мазда 2 е проектирана првенствено за да ги синхронизира потребите на возачот, што не значи дека и патниците неможе да се забавуваат со возењето!

Удобноста се чувствува и при агилните перформанси и движењето на отворен пат, со дополнително практичен простор во багажот.

Импресивна како и секогаш е завршаната обработка на применетите материјали, со посебна посветеност на деталите во внатрешноста. Карактеристична е средишната конзола со својата илуминацијата на котролите и секако илуминацијата на прегледните инструменти за возачот.  

Високо поставентиот мануелен менувач допринесува не само естетски туку и безбедносно со својот краток модус на менување брзини. AUX – влезот за радиото овозможува вашиот личен Мп3 плеер да ги репродуцира вашите омилени звуци и ве подготвува за незаборавна забава при секое возење.

 

 


> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce