Mazda5
Mazda Menu
 
 
Mazda5

Препознатлив дизајн

Во вашиот живот поголемиот дел од работите што ве опкружуваат се менуваат, а само мал дел остануваат исти. Но, страста за возење на автомобил кај вас останува непроменета.

Истотака во вас остана и желбата за автомобил кој изгледа едноставно лудо и дава добро чувство. Затоа, кај развивањето на Mazda5 на страна ги оставивме правилата кои имаат своја вредност и цена. Фините и течно обликувани линии и површини ја истакнуваат спортската црта на Mazda. Исполнети се и вашите барања во врска со просторноста и функционалноста - Mazda5 е жив доказ дека две нешта може да се имаат без никаков компромис: просторност и фукционалност.

Mazda5 CE со 5 седишта

Со самиот почетен пакет на опрема CE Mazda5 има браници во боја на каросерија, електрични прозорци напред и електрични ретровизори, како и централна брава со далечинско заклучување. За пријатна температуре в овашиот автомобил се грижи серискиот кима уред со филтерот за поллен. Модуларниот Маздин аудио систем има радио и четири звучници. Севкупната заштита нуди систем од воздушни перничиња кој се состои од возачко и совозачко воздушно перниче и предни странични воздушни перничиња.

 

Mazda5 TX со 7 седишта

Покрај тоа, луксузниот TX пакет на опрема нуди автоматска клима, кожен волан со команди на воланот за аудио системот со ЦД плеер, централно заклучување со далечинско управување со склоплив клуч и лектрика на сите четири прозорци, како и електричен стаклен кровен прозор како опција (кај CD110 TX). Електриката на прозорците назад, електрични ретровизори во боја на каросерија со подесување и греење, како и програмата против занесување (DSC) и систем против пролизгување (TCS) се веќе во стандардна сериска опрема.

Mazda5 со пакетот на опремата TX остава впечаток со своите 15 цолни алуминиумски бандажи и елегантната кровна ограда. Покрај тоа, затемнетите стакла нудат заштита од љубопитните погледи.

Одберете еден од мошните мотори - 1,8 литарскиот со 85 KW (115 КС) и 5 брзинскиот степенест менувач или пак за напредниот турбодизелски Common-Rail мотор со 81 KW (110КС) и шестостемен менувач, со сериски вграден филтер за честички и темпомат.

 

Mazda5 GT/GTA со 7 седишта

Во Mazda5 GT/GTA можете да го конзумирате вистинското „zoom-zoom“ чувство и воедно да уживате во опремата која вистински ги задоволува сите желби и потреби. Однадвор, Mazda5 во овие верзии е со 16/17 цолни бандажи и браници, ретривизори и лајсни во боја на каросерија претставуваат совршена комбинација на спортска динамика и елегантен дизајн. Сериските ксенонски светла со автоматска регулација и прскалки, сензори за дожд и светло со автоматско бришење сами се прилагодуваат на надворешните услови и така се зголемува сигурноста, кое во комбинација со кожниот волан и менувач овозможуваат поцврсто држење. ДВД навигацискиот систем (GTA) со 7 цолниот екран во боја се извлекува од командната плоча и помага да ве извлече од секоја гужва или сообраќаен хаос, а тука е и камерата при возење назад која помага при паркирањето.

 


> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce