Mazda5
Mazda Menu
 
 
Mazda5

Иновацијата го прави дизајнот

Единствениот концепт на седиштата и распределбата на простор во Mazda5 нуди повеќе наменска можност за искоритливост-интелегентен дизајн кој ви го прави животот поудобен.

Нема одрекувања, нема компромис. Добро осмислен, функционален дизајн кој добро се вклопува во оптималната внатрешност.

Двете лизгачки врати на двете страин на Mazda5 се единствени: исклучително лесни за движење и ракување, па со тоа влегувањето и излегувањето од автомобилот е детска игра, дури и тогаш кога паркираниот простор е помал или пак рацете ви се преполни. Истотака и за патниците во третиот ред излегувањето и влегувањето е олеснето со опцијата на движење на вториот ред на седишта нанапред.

Љубовта кон деталите е единствена работа. Но, кога во деталите се скриени дополнителни својства, тогаш станува збор за познатиот Маздин квалитет. Од прегледно дизајнираните инструменти, па до мајсторски обработените материјали на вратите - секој, дури и најмалиот детал од Mazda5 е осмислен да ги размази вашите сетила. Во пространата, стилски обликувана внатрешност на Mazda5 пријатно ќе се чувствувате и вие и вашите сопатници. Не привлекува внимание само сребрената централна конзола и украсните маски на вратите, туку и анатомски обликуваната рачка на менувачот на централната конзола.

Многу мали, луксузни детали кои секое возење го претвараат во уживање, па оттука не е нималку чудно што толку често се одлучувате за подолгиот пат кога одите накај дома.

Комфорот почнува веќе со самото влегување во возилото. Со самото приближување на возилото, Смарт картичката го активира системот за оклучување на автомобилот и неговото стартување без клуч (GTA). Предната врата се отвара со притискање на кваката, а моторот е спремен за стартување, па дури и кога картичката ви се наоѓа на дното на вашата чанта. На пат можете опуштено да уживате во доживувањата при возењето заблагодарувајќи се на корисните помагала како што се темпоматот (од моделот ЦД110 ТЏ), управувањетона Маздиниот аудио систем преку командите на воланот (ТЏ) или пак паметните сензори за светло и дожд ( од ГТ). Со мануелен или пак автоматски клима уред (од ТЏ) во лето ќе ја сочувате вашата глава ладна, а шофершајбната и другите стакла нема да роси дури ни во влажни временски услови. Се ова заедно, со луксузно опремената внатрешност возењето на Mazda5 е чисто уживање.

 

 


> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce