![]() |
|
|
Перформанси Повеќе од автомобил Возбудлив, ангажиран, полн со задоволство – тоа се маздините клучни атрибути. Сега се совршено синхрон изирани во новата Мазда 6. Новата Мазда6 е уште повеќе насочена кон својот возач – и тоа ќе го осетите веднаш штом ќе седнете зад управувачот. Посебно внимание е посветено на унапредувањето на линеарното и прецизно управување, кое е карактеристично и за претходната Мазда6. Новото подвезје оссигурува извонредна прецизност а притоа овозможува доволно удобно возење. Стабилноста, сигурноста и тишината, напросто ќе ве одушеват!
Исклучително лесна и цврста каросерија овозможува удобно и забавно возење а истовремено има и одлична потрошувачка на гориво. Извонредната аеродинамика, осигурува фантастична стабилност и при поголема брзина. Системот за сопирање е исто така унапреден, со што од 100 км/ч сопирањето е меѓу најкратките во класата. АБС со ЕБД е стандардна опрема и дополнително претставува доверба и сигурност.
Зависно од вашите желби и потреби можете да изберете мотои со неверојатни перформанси.
Со неверојатно напреден катализатор, овој мотор комбинира ниска потрошувачка и ниска емисија на издувни гасови. MZR 1,8 литарски бензински четририцилиндричен мотор, кој исто така има VIS систем кој овозможува висок вртежен момент во сите режими. Врвни еколошки перформанси се постигнуваат со помош на електронски контролирани усисни заклопки, кои овозможуваат ниска потрошувачка на горива, ниска емисија на штетни гасови но сепак овозможува голема снага и вртежен момент.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
||||