![]() |
|
|
Стил Елегантна, но со доем на автомобил од “premium” класа. Спортски стајлинг за кој “се вртат глави”. Изглед кој јасно ја најавува фантастичната динамика на возењето. Мазда 6 е автомобил кој ќе допринесе за повеќе страст и гордост.
Штом ќе седнете зад воланот, ќе осетите како возилото буквално почнува да заживува <<welcome modus>> со што постепено се осветлуваат инструментите и аудио командите.
Со својата одлучност, го следи динамичниот дизајн на спортските модели на Мазда – но со додатни својствени елементи како што се елегантни елипсовидни облици и сложени high-tech светлосни елементи, кои поставуваат нови стандарди во индустријата.
Внатрешноста на новата Мазда 6 ќе ве импресионира со спортски унапредениот карактер, префинетост и обем на достапна опрема.
Привлечната и заоблена инструментална површина со цврста метализирана средишна конзола е само еден од елементите кој го привлекува вашето внимание со контраст помеѓу прецизност и елеганција. Инструментите претставуваат комбинација од привлечен дизајн и функционалност. Илуминацијата во неон плава боја дополнително додава ефект на футиризам. Накратко, во овој автомобил ќе уживате да живеете.
Изразете се и уживајте во сопствениот стил! Одберете помеѓу асортиманот од осум бои на каросеријата – вклучувајќи ја и најновата лила сребрена металик. Со кожената внатрешност можете да изберете три бои – црна, маслиново сива и светло сива.
Бандажите на новата Мазда6 се модерни и впечатливи и совршено прилагодени на динамичниот карактер на автомобилот. Бандажите од алуминиумски легури доаѓаат во три величини – 16 инчни, 17 и 18 инчни и се достапи во зависност од пакет на опрема кој ќе го одберете.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
||||