![]() |
|
|
Повеке од само Pick-up
Новиот сензационален Mazda BT-50 е повеќе од само pick-up . Неодоливиот дизајн назначува бескомпромисни перформанси. Силен и динамичен, новиот BT-50 е близок и до оние кои што се во градскиот сообраќај, оние кои се на отворен пат или на терен. Контролата над овој динамичен pick-up е многу повеќе забавна отколку сте очекувале. Луксузот е само спореден дел со богата опрема која има карактеристики како на патничко возило. Mazda BT-50 поставува нови стандарди во својата класа, надминувајќи го успехот на својот претходник, B-Series.
Силен однадвор а луксузен одвнатре!
Во новиот Mazda BT-50, лесно е да се заборави дека возите pick-up. Со одличен волумен за 5 патници, Mazda BT-50 е најкомфорен во својата класа. Додадете на тоа и одличен дизајн со уникатен динамичен карактер, нов клима систем и кристално чист модуларен аудио систем, тогаш ке заклучите дека БТ-50 е микс на луксуз, простор и функционалност која ги следи конкурентите од своето вертиго.
Силен, но и префинет за вкусови
Спортски и атлетски, Mazda BT-50 истакнува повеќе “мускули” од својот претходник. Таквата аура на сила ја изразува на еден модерен, привлечен начин. Однадвор, контурите на дизајнот ќе ве натераат да ја заобиколите широката кабина, со високи врати и одлична прегледност. Хромираните детали, ретровизорите и инструментите, само ја потврдуваат софистицираноста на BT-50. Внатрешноста е потполно нова и го рефлектира атлетскиот дух на BT-50. Воведени се нови и свежи бои и нова инструмент табла, со што спортскиот дух се чувствува и од внатрешноста на просторната кабина. Сега е веќе едноставно да се замисли работно возило кое поседува Zoom-Zoom карактер. |
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
|||||||||||||||||||