![]() |
|
|
Бензински 2.3 литарски мотор со турбо полнач, кој развива снага од 260 коњски сили и нависок вртежен момент од 380 Nm. Со погон на сите четири тркала преку Active Torque Split системот, таа моќност ќе биде секогаш под ваша контрола.
Mazda CX-7 користи ист погонски агрегат како и спортските модели Mazda 3 MPS и Mazda 6 MPS. Затоа воопшто не е чудно што Mazda CX-7 забрзува од 0-100 км/ч за само 8 секунди и постигнува врвна рамнотежа помеѓу линеарното забрзување и агресивната реакција при силното притискање на гас! Притоа, потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови е на завидно ниво за еден SUV. Конструкцијата на шестостепениот мануелен менувач е со компактни димензии и прецизна распределеност, со што ќе може максимално да се искористи потенцијалот на моторот.
Верна и послушна Системот за сопирање со вентилирачки диск сопирачки на сите четири тркала е направен со дополнителна електронска дистрибуција на сила на кочење, покрај АБС системот и ЕБА за помош при кочење. Системот TCS за спречување на пролизгувањето на тркалата со DSC за динамична контрола на стабилноста на возилото се вклучени во сериската опрема!
Целата таа техника, соединета со интелигентен погон на сите четири тркала, овозможува максимално регурирана стабилност при кочење, занесување и бочно пролизгување. Најважно е и тоа што ќе имате чувство на стабилност и при највисоките брзини при свиоците, каде што хидрауличниот серво управувач ќе ви овозможи динамична контрола над црврстата каросерија, која нималку не ја занемарува удобноста при возењето.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
||||