Mazda2
Mazda Menu
 
 


Mazda CX-7

Пространа и прилагодива

Со огромен багажен простор, практични детали и елементи на ентериерот, Mazda CX-7 е способна да се прилагоди на сите потреби за современ живот.

Автомобил скроен по мерка!

Само со едно движење одзади (karakuri), задната клупа сама се израмнува со багажниот простор, со што се овозможува полесно внесување на поробусни предмети, спортска опрема па дури и цели велосипеди. За сето тоа се достапни странични осигурувачи со што би се спречило пролизгување на товарот.

Дополнително, забележливи се и држачи за чаши и пијалок, како и потпирач за подлактот на возачот и совозачот.

Се на дофат на рака

Комплетна електрика на сите прозори како сериска опрема, централна брава со далечинско, како и Смарт Картичка кај Revolution пакетите, максимално го олеснуваат пристапот до возилото.

Потполна прегледност

Во Mazda CX-7 ќе имате потполна прегледност на патот пред вас. Со прилагодиво седиште на шест различни начини, ќе бидете потполно сигурни во вашата омилена позиција.

Големите профилирани ретровизори со греачи, овозможуваат полесна прегледност на сообраќајот и околината. Кај моделите Revolution добивате и предни ксенонски светла со сензори, како и автоматско управување на брисачите во случај на дожд, што дополнително допринесува за безбедност при возењето – без да се обрнува повеќе внимание на контролните инструменти. 
Спремни на се!

Mazda CX-7 ќе се вклопи совршено во Вашиот живот, независно од динамиката на вашиот стил и вашите интереси. Со богата сериска и дополнителна опрема (вклучувајки и носачи за скии и велосипед) овој автомобил е секогаш спремен за авантура!

 

 


> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce