![]() |
|
|
Никој не би сакал да размислува на тоа најлошото што може да случи. Но со богатата опрема за активна и пасивна заштита, која ја вградивме во Mazda CX-7, навистина не треба да се вознемитувате. Прецизно прилагодените системи за кочење и против пролизгување, цврстата структура на каросеријата и одличната прегледност внесуваат максимална доверба!
Сигурно заштитени CX-7 е конструирана со помош на системот Mazda Advanced Impact energy Distribution and Absorption System, со што се овозможува максимална заштита при преден или страничен удар. Користен е најквалитетен челик кој на повеќе места е појачан со што овозможува максимална заштита на кабината како и абсорпција на силата на ударот. Застанете тогаш кога вие сакате или кога е најмногу потребно Моќните диск кочници на сите четири тркала со веќе познатите ABS, EBD –електронска дистрибуција на кочење, ЕBA – помош/асистенција при кочење, како и актуелните TCS и DSC против пролизгување и занесување, ќе ве изненадат со својата ефикасност при разни временски услови и длабоки брзи свиоци.
Воочите ги сами предностите При услови на ноќно возење, ксенонските светла (кај Revolution моделите) ја зголемуваат прегледноста и видливоста на патот и околината, со што вашите очи будно ќе бидат поодговорни во сообраќајот.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
||||