![]() |
|
|
Првата карактеристила на Mazda CX-7 е нејзиниот атлетски карактер кој доминира на прв поглед. Аголог на ветробрановото стакло е максимално закосен, дури поспортски од многу веќе познато декларирани возила. Секако дека спорткиот грил, односно маската е агресивна и ја надополнува компактната слика за спортски SUV.
Предниот дел е моќен и софистициран а капакот на моторот е профилиран. Сигурно ке ги приметите спортските бокови и мускулатура над тркалата кои носат 18 цолни алуминиумски фелни. Спортскиот дизајн изненадува и од задната страна, каде се приметуваат карактеристични два хромирани спортски издуви и доминантни оклугли светла. Сето то внесува малку возбуда дури и кај возачите од сообраќајот околу вас, кои нималку резервирано го набљудуваат движењето на вашата CX-7.
Луксузна и спортска одвнатре Внатрешниот дизајн е инспириран од спортките автомобили, каде деталите се секогаш воочливи и внесуваат доверба за одлична изработка. Инструменталната табла е неверојатно прегледна и функционална, а во вечерните часови доминира и една уникатна темно плава боја која дозволува жолтите сказалки да го мерат нивото на вашиот адреналин! Инструментите на средишната конзола оставаат впечаток со своите луксузни материјали и хромиран сјај.
Спортската софистицираност е воочлива и на трокракиот волан, дизајниран по пример на Mazda MX-5, како и рачката на шестостепениот менувач обложен со кожа. Мануелниот менувач е поставен високо и секогаш задоволува со спортскиот краток пренос при менување на брзините.
Накратко, ќе се воодушевувате на ова возило – и однадвор и одвнатре.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
||||