![]() |
|
|
Чисто уживање во возењето
На Mazda може да и се припише заслугата дека со воведувањето на пазарот на првата MX-5 во 1989 год. повторно го активираше сегментот кој веќе се сметаше за изумрен. Денес возењето во roadster повторно се вбројува во врвно уживање. Доживувањето на убавите пејсажи, поглед на она што вреди да се види од отворениот двосед и секако, уживањето во брзото совладување на кривините повторно предизвикува радост во заедницата на пасионираните обожаватели. Водечки на пазарот Маздината класика е непобедлива во оваа класа на возила и со преку 600.000 продадени возила во светски рамки и понатаму е пред сите други, а никој не може ни приближно да и се доближи во бројките. Поради сите овие податоци MX-5 е и во Гинисовата книга на рекорди како најкупуваниот roadster на сите времиња.
Главните причини за тоа зошто купувачите се одлучиле за MX-5 во овој сегмент се врвните возни својства, недостижната доверливост и секако изворедниот однос на цената и квалитетот. Модернизацијата на MX-5 е всушност доследен развој на веќе проверениот концепт. Зафатите се изведени на надворешниот дизајн, на обликување на внатрешниот простор, на командната табла и на седиштата, а дотерана е и техниката. Новата MX-5 влегува во око на прв поглед пред се заради новите браници, новите проѕирни главни светла како и новиот дизајн на задните светла.
Сериската опрема кај Facelift-от е подобрена и со електрика на прозорите и електрична антена. Во врска со сигурноста која кај Mazda е најдобрата особина во сериска опрема се вбројува и автоматско исклучување на воздушното перниче. |
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
|||||||||||||||||||