![]() |
|
|
Подобрено срце Опсежните подобрувања на моторите со оптимализација на системот за вбризгување, на всисните канали и на управувачките уреди ја прават новата MX-5 со иста потрошувачка уште поагилна и пред се прифатлива за околината. 1,8i 126HP Овој мотор произведува непроменливи 126 КС. Тој убрзува за 9,4 секунди од 0 до 100 км/ч. Комбинираната потошувачка од 7,3 литри при максимална брзина од 196 км/ч е идентична како и кај предходниот модел. Со додатниот катализатор сместен во близина на моторот со друга Ламбда сонда значително е намалена емисијата на штетни гасови и се наоѓаат далеку под дозволената граница за EURO III (ништо посебно ново ако се знае дека Mazda уште во раните девеесети години имаше ниво за EURO III без законски норми, кога топ тема беше EURO II).
2,0i 160HP со шестостепен менувач Овој мотор е недвосмислено спортски. Тој има сила од 160 КС, и со шестостепениот менувач, забрзувањето е доведено до одлични 7,9 секунди. Максималната брзина изнесува 210 км/ч, додека просечната потрошувачка изнесува 8,2 литри на 100 км. И овој мотор е одличен за околината и емисијата на гасови е под границата на EURO III.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |
||||