Mazda MX 5
Mazda Menu
 
 


Mazda RX-8

Револуција која одлучно се приближува

Mazda RX-8 не е само уникатен спортски автомобил, туку тој има и уникатна историја. Таа започна со развојот на моторот со ротирачки клип RENESIS и со амбицијата на Маздините инжињери со овој мотор да се исполни нивната визија за спортски автомобил. Оваа визија се темели на револуционерното поврзување на инзворедните карактеристики, распределбата на тежината во однос 50:50 и можноста за пронаоѓање на комфорт за четири патника. Овој автомобил ќе ги воодушеви сите ваши сетила и ќе предизвика Бие повторно да се свртите кон спортските автомобили.

Вашата Mazda RX-8 нема само да ја возите. Вие ќе ја почуствувате и ќе доживеете револуција, или подобро кажано Револутион.

Видете и доживејте револуција на спортски автомобил

Веднаш се гледа дека RX-8 е нешто сосема поинакво од сите останати возила. Таа е реална визија на дизајнерите, која со својот облик и линија ветува потполно ново доживување при возењето, кое Mazda далекувидо, храбро и одлучно го оствари. Таа дејствува како да само чека движење.

Нејзиниот маркантен дизајн, ниската мускулеста силуета и нејзината атлетичност сигнализираат чиста спортска динамичност. Од долгата плосната хауба, во кој е сместен стилски нагласениот ротирачки клип Renesis, па се до големо обликуваните браници на тркалата - се упатува на супериорно однесување во возењето и оптимално лежење на патот. Mazda RX-8 е точно таква како што и изгледа: спортски автомобил како ниеден друг досега.

Бидете господар на асфалтот

Мисијата на нашите техничари беше да се исполни сонот на сите возачи: апсолутна контрола со постојана расположливост на силината, значи да се дојде до точка во која возењето е чисто уживање и каде празните патишта се место за доживување на максимално уживање.

За ова чувство кое може да ви пружи само Mazda RX-8, постојат две варијанти: мотор од 141 KW (192 КС) со 5-то степен менувач и мотор од 170 KW (231 КС) со 6-то степен менувач, кои се нудат со различни пакети на опрема.

 

 


> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce