Mazda MX 5
Mazda Menu
 
 


Mazda RX-8

Единствен мотор

Тишина. Се што слушате е играта на ветерот во тревата. Меѓутоа, сега ветерот носи некој поинаков звук. Потполно поинаков звук кој звучи возбудливо и го слушаме како се приближува. И одеднаш е тука: необичниот турбински звук на Mazda RX-8.

Моторот со ротирачки клип е значително помал и полесен од вообичаениот клипен мотор. Сите ротирачки делови се вртат во иста насока, нема одење на клипот горе-доле, како и горна мтрва точка за промена на насоката (убрзување и успорување на клипот).

Во текот на согорувањето се вртат два ротори кои се раздалечени и се свртени еден спрема друг. Тоа ги намалува штетните вибрации и овозможува боголем број на вртежи и хармонично развивање на силината. Бидејќи моторот со ротирачки клип Renesis има само три подвижни делови - во споредба со најмалку 40 кај обичниот мотор, тој произведува сила неверојатно брзо и меко. Моторот со ротирачки клип Renesis развива до 170 KW (231 КС) при 8200 1/мин, и тоа без компресори или турбински полначи.

Кај Ренесис, дали бил со 170 KW (231 КС) при 8200 1/мин. и ограничен број на вртежи до 9000 1/мин. или од 141 KW(192КС) при 7000 1/мин. и ограничен број на вртежи до 7500 1/мин. убрзувањето е постојано, а силината се развива континуирано и моќно. Едно е сигурно: звучното доживување или чувството при возењето кај Mazda RX-8 е едноставно единствено.

 


> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce