![]() |
![]() |
|
Mazda БЕЗБЕДНОСТ Сигурноста е една од главните работи кои овозможуваат пријатно и опуштено возење. Знаејќи го тоа, во Mazda континуирано се работи на начините за поголема сигурност се со цел да се постигне доволно високо ниво на сигурносната технологија кај своите производи. Во 1950 год. Mazda меѓу првите производители на автомобили го претставува сигурносното предно ветробранско стакло, а во 1987 год. први го воведуваат 4 WS (погон на четири тркала) и подобрување на стабилноста при големи брзини. MAIDAS Mazda Advanced Impact-energy Distribution and Absorbtion System За заштита на патниците во возилото Mazda го развила MAIDAS. Тој систем за заштита користи троен Н систем за зајакнување на патничката кабина. Така е конструиран да силата на ударот од било која страна оптимално се распореди по целиот систем. За дополнителна сигурност во автомобилот се грижат и 10 воздушни перничиња. Страничните перничиња се така обликувани да ја штитат главата на возачот и совозачот, а не само градниот кош како кај повеќето автомобили. Кај Маздините модели вграден е и сензор кој го исклучува совозачкото перниче доколку тоа место е празно.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |