![]() |
![]() |
|
Mazda ИСТОРИЈА Името Mazda Многу автомобилски куќи ги носат имињата на своите основачи (Honda, Renault, Ferrari итн.), додека други пак користат некој скратеници (BMW, Fiat, Alfa). Mazda пак е веројатно единствената автомобилска куќа која како свое име одбира име на боженство. Заратустриното верување е едно од најстарите во светот. Го поставил Заратустра во 7-от век п.н.е. Во центарот на тоа верување е претставена спротивноста помеѓу доброто и злото. Врховното боженство, создавачот на небото и земјата, луѓето и духовите, вистината и доброто, од кого извира светлината, акој е истовремено и врховниот судија се нарекува Ахура Mazda. Сегашната фабрика Mazda порано се нарекувала и е позната под името Toyo-Kogyo Corporation. Сепак основачот на фабриката Jurijo Matsuda го одбира ова име сметајќи дека на тој начин ќе му донесе среќа во работата. Подоцна во 1984 год. Фабриката се преименува во Mazda Motor Corporation. И со тоа приказната за името завршува, а битно е и да се напомене дека ако го погледнете предходното лого на компанијата (сегашното е во облик на буквата М со крилја), ќе приметите дека претставуваат две стилизирани раце кои ја обвиваат и штитат Земјата, со тоа и целиот свет.
Основачот на Mazda Jurijo Matsuda (1875-1952) Роден е како дванаесто дете во предградието на Хирошима 6 Август 1875. Со 13 години се вработува во ковачка работилница во Осака. Во својата 20 година веќе поседува сопствена работилница со 50 вработени, која поради рецесијата мора да ја затвори. Во истиот бизнис повторно се обидува по 11 години. Конструирал и воедно патентирал пумпа која многу добро се продавала, заради која и го основа претпријатието. Но, кога го превземаат неговото претпријатие тој повторно ја напушта работата. Дури 1912 год. Повторно основа сопствено претпријатие. После само една година работа веќе вработува 4000 работника кои изработуваат делови за артилериски орудија за царска Русија. Меѓутоа, и тоа претпријатие наскоро го превземаат други сопственици. Со група на инвеститори 1920 год. Ја превзема компанијата Abemaki, кое подоцна го преименува во Toyo Kogyo (првиот збор значи Исток, а другиот индустрија). Сам, веќе следната година го превзема водењето на компанијата. Во 1927 год. Одлучува неговата компанија да отвори нови производни програми. Во склоп на таа програма произведени се и 30 мотори. Во почетокот на 1931 год. Фабриката почнува со производство на мотори до 500 ссм со три тркала за доставување, кои 1932 год. со успех се продаваат и во Кина. Во 1940 год. компанијата го произведува и првиот прототип на автомобил, но неговиот развој застанува со почетокот на Втората светска војна.
Mazda после Втората Светска Војна При американското бомбардирање на Хирошима фабриката не е уништена и зачувани се половина од своите објекти. Заради тоа веќе во 1950 год. Фабриката веќе може да започне со производство на новиот мотор на 3 тркала СТ, со два цилиндра со зафатнина од 1157 ссм и со 32 КС кој постигнува голем успех. Потоа следи моделот СА со четири тркала, како и пожарникарското возило CF. Во 1960год. конечно е претставен автомобилот Р 360, купе со мотор на воздушно ладење и зафатнина од 356 ссм. Во 1962 год. следи моделот carol седан со четри цилиндричен мотор, а 1963 год. моделот 800 te familio four со мотор поставен напред, а со погон на задните тркала. Во 1951 год. раководењето со компанијата го превзема Tsuneji, синот на Jurija, кој умира 1952 год. Tsuneji ја води компанијата се до својата смрт 1971 год., кога ја превзема неговиот син Kohei се до 1977 год. Во 1984 год. компанијата Toyo Kogyo Corporation е преименувана во Mazda Motor Corporation.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |