Mazda MX-5
Mazda Menu

 

Mazda КОНЦЕПТ

Mazda ја истражува иднината со новиот MX SPORT TOURE

Mazda го претстави својот сестран, економичен и еколошки концепт со што го претставува Маздиното гледање на иднината преку иновативен дизајн и технологија за идните генерации на возила. Компактната и голема каросерија на MX SPORT TOURE се комбинира со атлетски стил и забава која се нуди при возење на отворен кабриолет со функционалност на лимузина. Силата доаѓа од единствениот систем кој се доаѓа од малата тежина, високите перформанси на 2,0 литарскиот S-VT мотор плус електричен мотор. За отворени патишта возило се движи со помош на бензинскиот мотор со погон на сите четири тркала. Со помош на електричниот мотор кој вози со погон на задните тркала при што во тој случај имаме нулта емисија на гасови. Силината на електричниот мотор е со 40 KW и 108 Nm, со што се добива максимална брзина помеѓу 40-50 km/h.

MX SPORT TOURE концептот е одраз на Маздиниот пристап за различност и спортски имиџ, при што кај овој концепт постојат три вида на возење:

  • За нормални услови со економичен бензински мотор
  • За градско возење со електричен мотор без емисија на гасови со погон на задните тркала
  • За тешки услови на патот со погон на сите четири тркала






> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce