Mazda MX-5
Mazda Menu

 
Mazda во Македонија

Појавувањето на возилата на Mazda на нашите простори датира од далечната 1968-та година, од кога датира и пробивот на Mazda на Европскиот Пазар. Сеуште можат да се сретнат моделите од таа генерација на нашите улици и тоа во одлична состојба. Кај нашиот купувач, Маздините возила беа и останаа сѕмбол на престиж и квалитет, атрибути што и денес ги красат нашите модели.

По осамостојувањето, првата организирана продажбан а Mazda во Република Македонија почна во 1996-та година. Почетокот на продажбата во Македонија коинцидира со можеби најтешките години на Mazda Motor Corporation, меќутоа тоа воопшто не го обесхрабри тимот што ја организираше продажбата.

На почетокот беа воглавно нудени бензинските варијанти на веќе легендарните Mazda323 и Mazda626, а од 1998 година понудата се прошири на сете варијанти.

Голем подем продажбата има од 2000-та година и повторно со промовирањето на Mazda6, модел кој претставува пресвртница во Маздината историја. Со Mazda6, Mazda ја освојува престижната титула “Автомобил на годината “ за 2003-та во Македонија, како и повеќе од 100 награди и признанија во целиот свет. Mazda6 веднаш стана најпродаваниот автомобил во својата класа во Македонија и во повеќе земји во светот. Веќе следната година Mazda го повторува успехот и со извонредниот модел од компактната класа Mazda3 ја освојува наградата “Автомобил на Годината “ за 2004-та во Македонија и во повеќе од 40 земји во светот. Следи понудата на уште неколку атрактивни модели кои се нудат и стануваат блиски до Македонскиот купувач: ексклузивниот спортист Mazda RX-8 и компактната и темпераментна Mazda2.

Во периодот што следи, на нашиот пазар ќе се понудат повеќе нови модели кои можеа да се видат на големите светски саеми на автомобили : Mazda MX-5; Mazda MX - Cross Sport; Mazda Sassou …




> Кредитен калкулатор
> Mazda бутик
> Реклами
> За Autocommerce