![]() |
![]() |
|
Mazda СПОРТ Мазда е единствениот бренд меѓу јапонските производите на автомобили која победила на познатата трка 24 часа Ле Ман (1991 година) Мазда побрза од Михаел Шумахер !!! За екипата, која во таа трка го освои 5. место возеше и Михаел Шумахер Значи... Трка 24 часа Ле Ман 1991. година: 1. Мазда 787 Б 2. Јагуар 3. Јагуар 4. Јагуар 5. Мерцедес Во однос на второпласираниот автомобила, Мазда 787 Б оствари 27,2 километри предност. Мазда е единствената меѓу јапонските производители на автомобили која победила на трката 24 часа Ле Ман и исто така единствена меѓу сите производители на автомобили која успеала да оствари победа со Ванкел мотор. Уште малку пофалби: Маздината екипа е и прва меѓу јапонските екипи која успешно ја завршила 24-часовната трка. Тоа се случи во 1974 година, а автомобилот Сигма МЦ 74 со 12 А мотор (1200 ццм) го возеа Терада, Окамото и Харакуни. Во победничката Мазда 787 Б беше вграден мотор со ознака Р 26Б. Имаше четири ротори и зафатнина од 2662 ццм, а беше и без турбо полнач. Секој цилиндар имаше по три свеќици. Имајши го овој факт во предвид, према пресметките на ФИА (Интернационалната автомобилистичка федерација), тој мотор би можел да се спореди со Ото-мотор со зафатнина од 4708 ццм. Перформансите на тој мотор се следните: 700 КС при 9000 вртежи во минута и вртежен момент од 620 НМ при 6500 вртежи во минута. Моторот секако имаше електронско вбризгување на горивото, усисен систем со променлива геометрија(променлива должина на цевките на усисниот колектор). Снагата на подлогата се пренесуваше преку 5-степенски менувач. Тежината на автомобилот, чија шасија во целост беше изработена во од карбонски влакна, изнесуваше 630 килограми. Сопирачките на возилото исто така беа изработени од карбон. ФИА во меѓувреме ги измени правилата, кои меѓу другото, се однесуваат и на усисниот систем со варијабилна геометрија за Ванкел моторите!? Доколку сакате да дознаете повеќе за технологијата која денес се користи во Mazda (VRIS), одговорите побарајте ги на страницата за технологија. Мазда во 24-часовната трка Ле Ман учествува уште од 1970 г. Меѓу оние автомобили кои во трката учествувале два или повеќе пати, автомобилите на Мазда се покажаа како најиздржливи учесници. Мазда исто така организира трки во западно-европските земји (Италија, Белгија, Германија, Франција, В.Британија итн.) со својот суперспортски престижен модел RX-8, кои се одлично посетени (во просек од 40-50.000 илјади посетители по трка), нудејќи супер-адреналинска забава како за пилотите, така и за гледачите и претставува продолжеток на богатата спортска традиција, започната со победата на Le Mans во '91 година.
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |