![]() |
![]() |
|
Mazda ТЕХНОЛОГИЈА
Mazda ја прославува 40-годишнината на возилата со ротационен мотор Скопје, 30.05.2007 год. Деновиве се одбележува 40-годишнината од производството на првото Маздино возило придвижувано од ротационен мотор. До крајот на Април 2007, Mazda севкупно произведе приближно 1.970.000 возила придвижувани со ротационен мотор.
Hisakazu Imaki, претседател на одборот на директори и извршен претседател на Mazda Motor Co., по повод 40-годишнината на возилата со ротационен мотор, изјави: “Ротациониот мотор ја симболизира Mazda. Се изроди благодарение на неуморните напори на нашите претходни лидери и корпоративна култура која ги прифаќа тешките предизвици. Одржувајќи ја оваа горда традиција, ќе ги продолжиме нашите истражувања и развој на ротациониот мотор во согласност со нашиот прогресивен Zoom-Zoom план објавен во март 2007 год. Како Маздин еколошки мотор од следната генерација, хидрогенскиот ротационен мотор многу ветува и всушност веќе е присутен по патиштата на сите континенти. Mazda ќе тежнее да имплементира нови вредности вон ашата технологија на ротациони мотори преку понатамошно инвестирање во одделот за Истражување и Развој на хидрогенски ротациони мотори”. Кон крајот на '50-тите години, многу од авто-производителите ширум светот се посветија на истражување и развој на можностите на технологијата на ротационите мотори, но многу брзо ги прекинаа нивните напори бидејќи не беа во можност да се соочат со технолошките предизвици својствени на оваа технологија. Само Mazda истраја, и на крајот ги надмина овие пречки и успешно постигна масовно производство на возила со ротациони мотори. На 30 мај 1967 год, Mazda ја започна продажбата на првиот светски автомобил задвижуван од ротационен агрегат со двоен ротор - Cosmo Sport. Потоа уследија моделите Familia Rotary Coupe, Savanna, RX-7 и Eunos Cosmo. Со голем број на унапредувања и подобрувања во потрошувачката на гориво и заштита на околината низ годините, продажбата на Маздини возила задвижувани од ротациони мотори продолжува да расте.
Mazda го започна своето учество во мото-трките во далечната 1968 год., со излегувањето на моделот Cosmo Sport. Во 1991 год., Mazda ја испиша историјата на возилата со ротационен мотор, бидејќи моделот Mazda 787 B победи на напрестижната мото-трка во светот, 24 Heures de Le Mans , со што стана првиот и единствен јапонски автомобил кој извојувал победа на 24-часовната трка. Дополнително на тоа, со преку 100 победи во Јапонската и Северно-Американската Touring-Car серија, организирани од Интернационалната Мотор-Спорт Асоцијација (IMSA), возилата на Mazda со ротациони мотори уживаа во блескачкиот сјај на успехот.
RX-8 спортскиот автомобил беше претставен во 2003 год. Тој е задвижуван од новата генерација Renesis ротациони мотори, кој е покомпактен, помоќен и еколошки поприфатлив од неговите претходници. Водечкиот британски магазин специјализиран за технологија, Engine Technology International, го награди RX-8 за најдобар ново мотор во 2003 год., како и за најдобар мотор со зафатнина од 2.5-3.0 л во 2004 год. (International Engine of the Year Awards).
Во моментов, Mazda напредува со развојот на хидрогенскиот ротационен мотор, кој воопшто не испушта CO2 во воздухот, кој е еден од гасовите одговорни за глобалното затоплување. Развојот на хидрогенскиот ротационен мотор започна во 1991 год. и сето тоа резултираше со RX-8 Hydrogen RE, возило кое веќе е во комерцијална употреба. Mazda успеа да развие нов MZR 1.3 Miller-Cycle Engine – Милеров Мотор Корпорацијата Mazda Motors успеа да развие нов, MZR 1.3 Miller-cycle engine, кој ќе биде достапен кај новата Mazda Demio, на европскиот пазар позната како Mazda2. Во комбинација со Mаздината (CVT) Continuously Variable Transmission – технологија, моторот успева да обезбеди дури и 23 км со еден литар гориво. Тоа се вкупно 20 проценти поголема ефикасност на моторот во однос на претходните 19.2 км/л. Од постоечкиот MZR 1.3 DOHC алуминиумски погон, новиот MZR 1.3 Miller-cycle мотор овозможува одложување на процесот на работата на усисните вентили со цел да се намалат загубите на гориво и дополнитeлно да се подобри топлинската ефикасност и долготрајност на моторот. Тајмингот на усисните вентили е оптимизиран со помош на SVT – систем кој овозможува секвенционален модус на работа на усисните вентили, со цел да се обезбеди помала потрошувачка на гориво при секаков режим на возење и при забрзување. Во кон ј unk ција со CVT системот, кој пренесува еластичност при ниски брзини без губиток на моќност и кој го елиминира шокот при менување на брзини, перформансите се евидентни во намалената потрошувачка на гориво, како и карактеристичното смирено но кога е потребно и возбудливо возење. Со помош на високо-ефикасната погонска единица, новото Demio е приближно 100 килограми полесен од неговиот претходник, благодарејќи на применетите техники за намалување на тежината, што резултираше со полесно управување и значително намалена потрошувачка на гориво. Demio моделот задвижуван со новиот Милеров 1.3 литарски мотор во комбинација со CVT трансмисијата достигнува намаленапотрошувачка на гориво од 20 и повеќе проценти од нивото специфицирано со Јапонските стандарди за гориво кои се валидни дури од 2010 год. Емисијата на издувни гасови е дури 75 % помала предвидена со стандардите од 2005 год, со што го категоризира Demio во групата возила подложни на даночни олеснувања. Преку прогресивниот Zoom - Zoom план претставен во март 2007 год., Mazda ја изразува намерата за хармонија помеѓу задоволството при возењето , незагадување на околината, како и потрагата по напреден Zoom - Zoom свет. Ова е со цел да се обезбеди одличен дизајн, континуирано задоволство при возењето, како и зголемена безбедност и заштита на околината.
Технолошки иновации Лидер во светот на технолошките иновации: тоа е одлуката на Мазда! А сега се движиме само посилно. Побрзо. Нашите возила кои користат електронски келии како погонско гориво (fuell cell electronic vehicles - FCEVs), се возила кои се грижат за нашата околина и абсолутно допринесуваат кон грижата на светско ниво. Мазда веке ги актуализира своите идеи со рафинирањето на својот DIRECO-D турбо дизел мотор со директно согорување, кој дури има и катализаторски конвертер - STEP 4. И сето тоа за повеќе Zoom-Zoom!
|
> Кредитен калкулатор > Mazda бутик > Реклами > За Autocommerce |